Главна страница

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Добре дојдовте на Википедија

слободната енциклопедија што може секој да ја уредува
имаме 122.384 статии на македонски јазик
Избрана статија за оваа седмица
Portrait of Henri Matisse 1933 May 20.jpg

Анри Матис (1869 – 1954) — француски сликар и вајар. Почнал како фовист, експериментирал со поeнтилизмот но со време станал попрефинет и сликал со богат колорит, за на крајот да заврши со чиста декоративност и личен стил на колажни форми по кој станал препознатлив. Силно влијаел врз модерното европско сликарство и заедно со Пикасо е еден од главните негови претставници.

Интензивната разнобојност во неговите слики во периодот од 1900 до 1905 година придонела да се вбројува како еден од фовистите (диви ѕверови). Многу од неговите најпознати дела биле создадени во оваа декада или по 1906 година, кога развил строг стил кој ги нагласувал зарамнетите форми и украсните шари. Во 1917 година, Матис се преселил во населба на Ница крај францускиот брег на Средоземното Море, а полабавиот стил во неговите дела во 1920-тите му го донел статусот на издигнувач на класичната традиција во француското сликарство. По 1930 година, применувал изразено поедноставување на формите во неговите дела. Кога неговото здравје било кревко во последните години од животот, создал значајни дела со примена на хартиени парчиња колаж.

Неговото мајсторство коешто е прикажано во дела создадени во период подолг од половина век му оддало признание за водечка личност во современата уметност. (Дознајте повеќе...)


Слика на денот
Tam za tumanamy Goverla.jpg
Планината Петрос, Карпатски биосферен резерват, Украина.
Дали сте знаеле…

Занимливости од содржините на Википедија:

Двата Диомидови Острови (во средината) помеѓу Сибир (лево) и Алјаска (десно)
На денешен ден…

Денес е 22 јануари 2022 г.

Настани:

1506  Првиот контингент од 150 војници, кои имале за цел да го заштитуваат папата Јулиј II пристигнал во Рим. Овој датум официјално се смета за денот на основ��ње на папската швајцарска гарда.
1727  Георг Фридрих Хендл се стекнува со британско државјанство.
1964  Кенет Дејвид Каунда стана прв претседател на Владата во Северна Родезија (Замбија).
1978  Првпат во историјата на космонаутиката, во вселенската орбита е остварена „операцијата снабдување“. По дводневно самостојно летање товарниот брод без екипаж „Прогрес - 1“ автоматски се спои со системот „Саљут - 6“ - „Сојуз - 27“. Ова летало однесе во вселената гориво за моторите, материјали за натамошно истражување, како и вода, воздух и храна за космонаутите.
1990  Делегатите од Македонија, Словенија и Хрватска го напушаат 14-тиот и последен Конгрес на СКЈ .
2001  Еден македонски полицаец е убиен, а тројца ранети во нападот на полициската станица во Теарце, во близина на Тетово.

Родени:

1561  Френсис Бејкон — англиски филозоф, научник, есеист и државник, еден од основачите на современиот материјализам.
1788  Џорџ Гордон Бајрон — англиски поет од времето на романтизмот.
1875  Дејвид Грифит — американски филмски режисер.
1879  Франсис Пикабија — француски сликар.
1898  Сергеј Ејзенштајнсоветски филмски режисер и теоретичар.
1907  Дикси Дин — англиски фудбалер.
1909  У Тант — бурмански дипломат и почесен граѓанин на Скопје.
1911  Бруно Крајски — австриски политичар.
1924  Џ. Џ. Џонсон — американски џез-музичар.
1931  Сем Кук — американски соул-пејач.
1936  Предраг Живковиќ Тозовац — српски фолк-пејач.
1953  Џим Џармуш — американски филмски режисер.
1955  Рајко Жижиќ — српски и југословенски кошаркар.
1964  Стојко Вранковиќ — хрватски и југословенски кошаркар.
1977  Хидетоши Наката — јапонски фудбалер.
1987  Дмитриј Комбаров — руски фудбалер.
1987  Кирил Комбаров — руски фудбалер.
1988  Марсел Шмелцер — германски фудбалер.
1990  Артем Волвич — руски одбојкар.

Починале:

1994  Тели Савалас — американски глумец.
1997  Ордан Петлески — македонски академски сликар.
2004  Руди Шелиго - словенечки писател и политичар.
2017  Јаки Либецајт — германски рок-тапанар, член на групата „Кен“ (Can).
Што е Википедија?

Википедија е енциклопедија напишана преку соработка на многу од нејзините читатели. Таа е посебен вид на мрежно место, наречено вики, што го прави придонесот кон неа брз и лесен.

Сакате да помогнете?
Започнете со нашиот вовед!

Други области
  • Селска чешма — централниот форум за дискусија на Википедија, место каде што можете да поставувате прашања и да давате коментари.
  • Портал на заедницата — проекти, ресурси и активности за сите кои сакаат да се вклучат во проектот.
  • На други јазици — Википедија е повеќејазичен проект. Освен на македонски, Википедија е достапна и на преку 300 други јазици.
Збратимени проекти

Википедија е проект на фондацијата Викимедија — непрофитна организација, која опфаќа и други проекти:

Commons-logo.svg
Ризница
Складиште на слики, снимки и други мултимедијални содржини
Wikinews-logo-51px.png
Викивести
Вести со права за слободна употреба
Wiktionary-logo-51px.gif
Викиречник
Речник и лексикон
Wikiquote-logo-51px.png
Викицитат
Збирка на цитати
Wikibooks-logo-35px.png
Викикниги
Учебници и прирачници со права за слободна употреба
Wikisource-logo-35px.png
Викиизвор
Библиотека на дела со права за слободна употреба
Wikispecies-logo-35px.png
Викивидови
Именик на видови
Wikiversity-logo-41px.png
Викиуниверзитет
Материјали и активности за учење со права за слободна употреба
Wikimedia-logo-35px.png
Мета-вики
Усогласување на проектот „Викимедија“
Wikidata-logo.svg
Википодатоци
База на слободни знаења
Wikivoyage-logo.svg
Википатување
Отворен туристички водич